17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот зајакна, во фокусот повторно Фед по договорот со Грција

Доларот зајакна, во фокусот повторно Фед по договорот со Грција

dolari

Курсот на доларот зајакна во понеделникот кон еврото и јенот на светските девизни пазари, откако Грција постигна договор со кредиторите, по што фокусот на инвеститорите од Европа се пренасочи на изгледите за зголемување на каматните стапки во САД.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск на Твитер објави дека лидерите едногласно постигнале договор за третиот пакет финансиска помош на Грција.

Заедничката европска валута по почетниот успон поради позитивните вести набргу се најде под притисок, бидејќи разликите во монетарните политики меѓу САД и Европа одново се најдоа во прв план. Во такви околности еврото ослабна кон американската валута за 0,9 отсто, спуштајќи се на 1,1060 долари.

„Иако договорот со Грција очигледно е позитивен за еврото, тој претставува и своеврсно отстранување на потенцијалните пречки во настојувањето на американската централна банка да ја заостриммонеарната политика, што е позитивен аспект за доларот“, релче Јан Ганер, портфолио менаџр фо фондот Altana Hard Currency Fund.

„Две големи болки во последните месеци беа Грција и заосрувањето на монетарната политика во САД, па може би дојдовме до точка во која приказната за Грција е завршена и на сите ни преостанува фокусот да го насочиме на Фед и кревањето на каматните стапки“, додаде аналитичарот.

Доларот кон јенот во едне момент достигна највисоко ниво за последните 11 дена, зајакнувајќи над еден отсто на 123,44 јени. Јенот во последно време добиваше на привлечност бидејќи инвеститорите во време на неизвесност го чуваат капиталот во „сигурни пристаништа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП