Стапката на невработеност во Полска во јуни е намалена на 10,4 проценти од работоспособното активно население од мајските 10,8 проценти, односно априлските 11,2 проценти.
Во јуни минатата година стапката на невработеност изнесувала 12,1 проценти, соопшти Министерството за труд.
„Сето ова оди во прилог на прогнозата дека стапката на невработеност во Полска ќе падне под границата од 10 проценти“, се наведува во соопштението.
Полска, земја со 38 милиони жители, членка на ЕУ но не и на еврозоната, стана убедливо најголемта економија на централна и источна Европа, која од 1992 година постојано бележи економски раст.
Бруто домашниот производ на Полска во 2014 година е зголемен за 3,3 проценти по растот од 1,6 проценти во 2013 година.