29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри знаци дека морате да започнете да барате нова работа

Три знаци дека морате да започнете да барате нова работа

Вработените најчесто не сфаќаат навремено дека работното место им виси во воздух и дека е време да се фрлат во потрагата по нова деловна прилика.

Промената на работата во денешната економска ситуација не е воопшто згоден потфат. Меѓутоа, таквите повремени болни случувања се нужни со цел да се избегне ситуацијата во која еден ден сте среќни и исполнети, а веќе следниот ден сте добиле отказ и не знаете како да го поднесете тоа.

Ви претставуваме три сигнали дека нешто не е во ред и дека е потребно да тргнете во потрага по нова работа.

Мала плата

Платата е еден од главните мотиватори. Ако луѓето не се мотивирани, нивната продуктивност на работа најверојатно ќе биде лоша. Доколку таквата ситуација продолжи, постои шанса да добиете отказ.

Потценување

На некој проект сте завршиле одлична работа, но никој не го приметил вашиот труд и не ве пофалил. Таквите ситуации можат да ги обесхрабрат и оние со најсилен карактер. Доколку никој не ги забележува вашите успеси, помала е шансата дека ќе напредувате и генерално, дека вашата кариера ќе се движи во подобар правец.

Компанијата има финансиски проблеми

Ако компанијата во која работите работи со загуба, иднината во секој случај ви е неизвесна. Најдобриот совет во таквата ситуација е да се фокусирате на нови деловни прилики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП