6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во пораст по договорот за Грција

Европските берзи во пораст по договорот за Грција

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акциите на европские берзи во понедленикот изутрината силно пораснаа бидејќи лидерите на еврозоната, по маратонските преговори, постигнаа договор за Грција.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 9,30 часот беше во плус еден отсто, откако во петокот скокна 2,1 отсто.

Лондонски FTSE, франкфуртски DAX и париски CAC околу 9,30 беа во плус од 0,6 до 1,4 отсто.

Лидерите на еврозоната успеаа по преговорите цела ноќ во Брисел да постигнат договор за Грција, порача изутрината претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Самитот на еврозоната постигна едногласен договор“, порача Туск на твитер. Во кратката порака додаде дека сега се е подготвено за нова програма на финансиска помош од Европскиот стабилизациски механизам и дека Грција ќе добие нова финансиска помош за сериозни реформи.

И на азијските бери цените на акциите силно проаснаа. MSCI индексот на азијско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,30 часот беше во плус 1,6 отсто.

На токијската берза индексот Nikke скокна 1,6 отсто, на 20.089 поени, откако минатата недела загуби 3,7 отсто.

Азијските инвеститорите најмногу ги охрабри продолжувањето на силниот раст на цените на акциите на берзата во шангај трет ден по ред.

Откако на почетокот минатата недела цените на кинеските акции остро паднаа, се продлабочувајќи ги загубите во три недели на над 30 отсто, кон крајот на минатата недела берзата почна да закрепнува благодарение на низата мерки на кинеските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП