9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ХЕЦ „Шпилје“ за половина година произведени над 180 милиони kWh струја

Во ХЕЦ „Шпилје“ за половина година произведени над 180 милиони kWh струја

spilje 340

Во првите шест месеци од оваа година во хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар се произведени над 180 милиони киловат часови електрична енергија што преставува реализација на годишниот план за 62 насто.

Според претставниците на оваа хидроцентрала, добрата хидролошка состојба овозможи да се произведе повеќе од планираното во првите шест месеци, така што, се очекува и оваа година надминување на планот кој е зацртан  за производство на 300 милиони kWh.

Инаку, во Дебарското Езеро, резервите на вода гарантираат производство на 40 милиони kWh електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП