16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да летате поевтино?

Како да летате поевтино?

ceni letanje

Воздушниот транспорт продолжува да е најсигурниот, а често и единствена алтернатива за далечни патувања.

Во предвид на зголемувањето на цената на авионското гориво и обидите на компаниите да воведуваат нови такси на патници, еве што да правите, за да добиете поевтини авионски билети за долгоочекуваниот одмор.

Најдобар ден за резервации

Авиокомпаниите обично ги презентираат своите најдобри предлози и намалувања во вторник. Искористете ги предностите на ова и резервирајте лет во овој ден.

Летајте во одредени денови и часови

Вторник, среда и сабота се избегнуваат за летање што често ги прави и деновите со поевтини билети во текот на неделата. Можете да најдете и пониски цени на билети, кои пристигнуваат во раните утрински часови, кога и аеродромите се помалку зафатени.

Избирајте места подоцна

Некои авиопревозници им наплаќаат дополнително на оние кои сакаат да ги изберат своите места на интернет. Ако се појавите порано на аеродром, се уште ќе имате можност да одберете добри места и тоа без дополнителни трошоци.

Летови за време на празници

Сите знаат дека цените на авионските билети растат значително во текот на летото и непосредно пред и по големи празници. Доколку немате проблем да летате во денот на клучни празници, тогаш можете да заштедите значително.

Не чекајте последен момент за резервација на билет

Да билетот купен премногу рано или доцна, може да е прилично поскап. Од статистичка гледна точка, цените на билетите се најевтини меѓу три месеци и месец и половина пред летот.

Избегнувајте дополнителните трошоци и услуги

Авионските компании ќе се обидат да ви продадат секаков вид на услуги, па затоа избегнувајте ги. Речиси сигурно ќе успеете да најдете подобра цена за она што ви се нуди надвор од рамките на патувањето.

Внимавајте со багажот

Речиси сите авиокомпании имаат политика на багажот. Па поради тоа патувајте само со рачен багаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП