3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува Ликовната колонија Дрен во Прилеп

Започнува Ликовната колонија Дрен во Прилеп

likovna-kolonija-dren

Во манастирот „Свети Илија“ во селото Дрен, во близината на Прилеп, во понеделник 13 јули стартува осмата ликовна колонија „Дрен“, во организација на прилепскиот Центар на културата „Марко Цепенков“.

До 20-ти јули уметници од Македонија, Србија, Русија и првпат од Турција, ќе го заземат манастирскиот комплекс во кој ќе творат, ќе се дружат и ќе разменуваат искуства. Со дела нивниот престој ќе го овековечат Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, потоа Сречко Здравковиќ (плус две уметници )од Србија, Марија и Иван Крившинко од Русија и Емине Токмакај од Турција.

Руските уметници Марија и Иван Крившинко, членови на уметничкото движење „Соло“, од Москва, велат дека им претставува чест и задоволство што ќе бидат дел од колонијата Дрен, за која слушале само најпофални зборови од нивните колеги од Русија кои биле досегашни учесници.

Директорот на Центарот Тони Чатлески е горд што колонијата „Дрен“ стана вистински ликовен бренд не само на градот, туку и на Македонија, манифестација на која сакаат да доаѓаат уметници од целиот свет.

Делата што од понеделниик до 20-ти јули ќе ги создадат учесниците ќе бидат презентирани на 4-ти септември на завршницата на годинашното Прилепско културно лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП