21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќајот надвор од градските средини

Зголемен сообраќајот надвор од градските средини

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На сила е времниот режим на сообраќај во летниот период од 01.јули до 31.август со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 31.08. секоја тековна година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП