17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон

884842-0d6baf7e-28d1-11e5-b088-701fc9b6d408

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во финалето славеше над Роџер Федерер со 3:1 (7:6, 6:7, 6:4, 6:3). Ѓоковиќ ја освои деветтата Грен слем титула, вкупно трета на Вимблдон.

Српскиот и швајцарскиот тенисер го одиграа 40-от меѓусебен дуел, и по вимблдонското финале двајцата имаат по 20 победи. Исто така Ѓоковиќ ја забележа јубилејната 200-та победа на Грен слем турнирите.

Ривалството на Ѓоковиќ и Федерер е второто најголемо во Опен ерата, повеќе меѓусебни дуели Србинот има одиграно само со Рафа Надал, вкупно 44.

Ѓоковиќ со победата над Федерер успеа она што ниту еден тенисер не го направил речиси една деценија, тој ја одбрани титулата на Вимблдон. Со оваа титула тој на вечната листа ги премина тениските легенди : Андре Агаси, Иван Лендл, Џими Конорс, Кен Роузвел и Фред Пери, кои имаат освоено по осум Грен слем титули.

Самото финале траеше повеќе од три часа, а една беше во прекин поради дожд. Ѓоковиќ благодарение на добриот сервис и одличниот ритер успеа да стигне до победата. Исто така тој го победи психолошкиот момент, односно моментот кога го загуби вториот сет, во кој пропушти дури седум сет топки.

Ѓоковиќ на крајот имаше 46 директни поени и само 16 неизнудени грешки, додека Федерер беше поагресивен, имаше 58 винери, но и повеќе грешки, дури 35.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП