7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува реконструкција на болницата `Свети Наум Охридски`

Започнува реконструкција на болницата `Свети Наум Охридски`

gruevski-ulica

Реконструкцијата на специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје ќе започне следниот месец, најави во неделата премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање на официјалното пуштање во сообраќај на проширената и реконструирана улица „Јордан Мијалков“.

Груевски рече дека минатата недела била донесена одлука за отпочнување на тендерска постапка за темелна реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“, која деновиве започнува како постапка, а во текот на август се очекува да почнат и градежните работи и да завршат кон крајот на јануари следната година.

„Станува збор за темелна реконструкција која вклучува салите за операција, интензивната нега, кровот, лифтовите, промена на инвентарот во болничките соби“, изјави Груевски.

Реконструкцијата ќе биде темелна затоа што се работи за исклучително важна болница која што е во градското јадро и е многу значајна за граѓаните на Скопје, потенцирал премиерот.а

„Реконструкцијата беше планирано да се изврши во 2017 година, но заедно со министерот за здравство и со министерот за финансии изнајдовме начин да започне следниот месец, а комплетно да заврши на крајот на јануари или почетокот на февруари следната година“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП