14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се доделуваат 10.000 хектари земјоделско земјиште

Ќе се доделуваат 10.000 хектари земјоделско земјиште

premierot-pre

Наскоро ќе биде огласено доделувањето на 10 илјади хектари земјоделско земјиште, од кои половината за лица кои ќе сакаат да земат под наем до три хектара, а другата половина за поединци или компании кои секаат да земат поголеми парцели од споменатите, најави во неделата премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на официјалното пуштање во сообраќај на реконструираната улица „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Земјиштето кое е наменето за оние кои имаат намера да земат земјоделско земјиште со површина повеќе од три хектара е во Струшкиот, Ресенскиот и Светиниколскиот регион, а оние кои ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции, појасни премиерот.

„Во завршна фаза се подготовките за објавување на околу 10.000 хектари државно земјоделско земјиште и тоа за категорија на лица кои што имаат потреба од земјиште до три хектари и категорија на лица, односно компании кои што имаат потреба за државно земјиште над три хектари. До три хектари е обично за оние кои сакаат да имаат помал бизнис и најчесто е во рамките на селскиот атар, а над три хектари практично е во рамките на посериозен бизнис кој што е дел од инвестирање на компании итн. Оние кои што ќе имаат над три хектари ќе имаат дополнителни обврски да направат одредени инвестиции , не само што ќе го земат земјиштетео туку ќе треба да направат и поконкретни инвестиции“, рече Груевски.

Според него, процедурата за ова земјиште ќе заврши во наредните неколку седмици.

„Набрзо ќе дојде до понуда и се надевем дека тоа ќе биде соодветно искористено од многумина коишто сакаат да се бават со земјоделие. Инаку, за оние што планираат да земат земјиште до три хектара, станува збор за луѓе коишто првпат ќе земат земјоделско земјиште“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП