2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците масовно купуваат скапи уреди поради страв од девалвација на заштедите

Грците масовно купуваат скапи уреди поради страв од девалвација на заштедите

grcija-skapi-uredi

Грците масовно купуваат скапи електронски уреди како што се паметни телефони iPhone, таблети iPad, компјутери Mac и воопшто секаква друга скапа опрема, поради страв од девалвација на нивните заштеди, доколку нивната земја биде принудена да излезе од еврозоната.

Како што пишува весникот Proto Thema кој се повикува на податоците за продажбите кои се појавија на американските интернет страници, „извештаите за големиот пораст на продажбата во последните денови на електронски уреди од страна на грчките граѓани, исплашени од заканата за кастрења на нивните банкарски депозити, се потврдува во случајот со производите на Apple, како и на други скапи паметни телефони, таблети и компјутери од различни производители“.

Атмосферата на несигурност и заканата од загуба на вредноста на заштедите во банките, ги тера грчките потрошувачи забрзано да купуваат луксузни стоки. Иако големите грчки трговци на електрични и електронски апарати избегнуваат секакви официјални коментари на оваа тема, последните седмици според оцените, драстично се зголемила продажбата на скапите електронски производи, бидејќи многу потрошувачи се обидуваат со помош на кредитните и дебитните картички, за кои веќе две седмици е лимитирано подигнување од банкоматите на 60 евра дневно во готовина, да инвестираа во високотехнолошките производи, пишува натаму весникот.

Според трговците, претходно Грците долго се размислувале дали да купат лаптоп за 500 евра, а сега купувачите сé почесто го прават изборот без многу да се премислуваат дали станува збор за скап модел, по два или трипати повисока цена, поттикнати од стравот дека за неколку дена може да ги загубат своите пари, заклучува Proto Thema.

„Во ваквите случаи, производите на Apple, како по правило, го заземаат првото место, бидејќи и онака смартфоните iPhone, таблетите iPad и компјутерите Mac вообичаено го имаат најголемиот удел во пазарот на водечките и луксузните електронски гаџети“, заклучува весникот.

Поттикнати од споменатиот напис, агенцијата ТАСС спровела сондажа во неколку познати атински продавници за електроника, како „Plaisio“, „Media Markt“, „Kotsovolos“ и „Public“. Нејзиниот дописник не воочил некоја особена „потрошувачка треска“, но забележува дека имало многу посетители во споменатите продавници. Забележува, исто така, дека на полиците биле истакнати најскапите модели паметни телефони, како iPhone-6 (со меморија од 128 GB) за 979 евра и Samsung Galaxy S6 Edge (од 128 GB) за 1.099 евра. За скапите телевизори, пак, во саботата немало многу заинтересирани, бидејќи е претпоставува дека побарувачката била веќе задоволена претходните денови.

„Додека од банкомат во готовина можете да извадите само 60 евра по лице на ден, плаќањето со кредитна или дебитна е ограничено само со лимитот на самата картичка. Многу кредитни картички имаат лимит меѓу 3.000 и 8.000 евра, а доколку сопственикот има толкав износ на својата сметка, може да си дозволи скап производ“, рекол Димитриос, продавач во „Plaisio.

Според него, „цената на електрониката последните седмици не се менувача, и покрај поскапувањата од почетокот на годинава поради падот на курсот на еврото кон доларот, а електронски гаџети се набавуваат главно од земјите со коишто се тргува во американската валута“. Така според него повеќеформатскиот видео медијаплеер WD Media Player TV WiFi, кој пред неколку месеци чинел 94 евра, во моментов во неговата продавница се продава за 119.90 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП