2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку танцот и говорот младите крушевчани градеа мостови

Преку танцот и говорот младите крушевчани градеа мостови

tanc-i-govor

Преку настанот „Говориме различно, танцуваме исто“ во рамките на фондот „Градиме мостови“ кој се одржа на Градскиот плоштад во Крушево педесетина деца од Општина Крушево, од различна етничка и верска припадност им овозможија едно несекојдневно доживување на своите сограѓани и гости.

Под раководство на инструкторката Олгица Николовска од Битола, крушевските деца уште еднаш покажаа дека музиката и играта ги спојува сите луѓе, без разлика на етничката или верската припадност. Пред многубројната публика младите играа зумба и прочитаа пораки за мир, пријателство и соживот од Тоше Проески на трите официјални јазици во Општина Крушево – македонски, албански и влашки.

Настанот се одржа под мотото „Говориме различно, танцуваме исто“, во организација на Оопштинското основно училиште „Никола Карев“ од Крушево, Здружението на граѓани „Академик“ и Општината Крушево. Финансиите за реализација беа обезбедеби од фондот „Градиме мостови“ кој е заеднички проект на Министерството за образование, амбасадите на Швајцарија и Холандија и мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Зумбата е танцовна програма која е создадена од колумбискиот танчер Алберто Перез – Бето во текот на 1990 година. Оваа програма вклучува елементи од танц и аеробик, придружени со музика, која претежно е латинска, но исто така содржи и други видови на музика, како и одредени меѓусебно поврзани техники од аеробикот. Зумба денес се игра во 180 земји, на 200.000 локации и 15 милиони луѓе редовно одат на часови по зумба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП