2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Продис“ започна со продажба во македонските маркети и аптеките

„Продис“ започна со продажба во македонските маркети и аптеките

prodis

Седум вида конвенционални и органски житарки под трговското име „данкад“, органски пченкарни снегулки, органски мусли со житарки, органски мусли со овошје, органски овесни снегулки, интегрални снегулки од ориз и пченица и интегрални снегулки од ориз и пченица збогатени со црвени плодови, се само дел од палетата производи на „Продис“ кои може да се најдат низ сите големи супермаркети во земјава, како и во аптеките.

Македонско-руската компанија која пред неколку месеци почна да работи во технолошко-индустриската зона „Бунарџик“, ќе го пласира на пазарот, како што соопшти, и својот широк спектар сертифицирани чаеви под брендот „максан“.

– Девет вида се конвенционални чаеви од камилица, нане, коприва, липа, шипка со хибискус, мајчина душица, оригано, зелен чај, а пет се сертифицирани органски од камилица, коприва, нане, липа и шипка со хибискус, наведува „Продис“.

„Продис“ неодамна го реализира и првиот извоз на рускиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП