15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“ на Водно

Изграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“ на Водно

potporen-zid

Општина Центар ја заврши изградбата на потпорниот ѕид на градинката „Панорама“, клон на „Кочо Рацин“, и истовремено поставени се и канделабри, а поради безбедносни причини се мести ограда на ѕидот.

Следната недела ќе се санира и урбаната опрема и дворот ќе се уреди хортикултурно, информираат од скопската општина Центар.

Ѕидот е долг 32 метра долг а висок три метра. Сега вкопан е во земја, за разлика од пртходниот кој се урна пред една година, кој немаше лежиште, а и дебелината на потпорниот ѕид беше 15 до 20 сантиметрои, што според инспекциските служби на општината е недоволна за да може да го задржи притисокот на земјиштето.

Стариот потпорниот ѕид беше граден пред околу десеттина години и покрај низата негодувања и реакции од поранешните жители дека не е изведен соодветно и дека градењето на огромни згради и куќи на Водно, без соодветна заштита може да доведе до големи несреќи.

Од општината Центар велат дека ваква опасност е регистрирана и на неколку други локации, каде што се изградени големи зданија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП