22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот раст над сите очекувања

Италијанскиот раст над сите очекувања

italija(1)4455652232

Италијанското индустриско производство во мај порасна за 0,9 проценти во однос на април, кога е забележан пад од 0,3 проценти, соопштува Националниот Завод за статистика.

Мајскиот раст на индустриското производство бил над очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа зголемување од 0,3 процентни поени, пренесува АФП.

Генератор за закрепнување на италијанската кревка економија во мај бил и секторот за производство на инвестициски стоки, каде е забележано зголемување од 2,3 проценти на месечно ниво, додека производство во енергетскиот сектор пораснало за 1,7 проценти, а производството на репроматеријали за 0,6 проценти.

Пад е забележан во производството на трајна потрошувачка стока, тутунската индустија…

Во првите пет месеци индустриското производство на Италија забележало раст од 0,5 проценти во однос на истиот период пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП