8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Норвешка

Раст на инфлацијата во Норвешка

norveshka-norveska

Месечната стапка на инфлација во Норвешка во јуни го достигна највисокото ниво од септември 2013 година, забележувајќи раст од 0,5 процентни поени на 2,6 проценти.

Според индикаторот кој го пресметува Банката на Норвешка поради утврдување на каматните стапки, инфлацијата во јуни, не сметајќи ги цените на струјата и фискалните варијации, скокна на 3,8 проценти, што е раст од 0,8 процентни поени во однос на мај, пренесува агенцијата АФП.

„Тоа е огромно изненадување. Никој не очекувал толкав раст“, оцени економистот Ерик Брус.

Цените на авионските билети најмногу придонесоа за растот на инфлацијата, а во помала мера и поскапувањето на храната, мебелот, книгите и имотот.

Растот на инфлацијата најверојатно е директна последица од најавата на Банката на Норвешка на почетокот на мај дека ќе ја намали референтната каматна стапка, нешто што го направи на 18. јуни намалувајќи ја на историски ниско ниво од еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП