5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања за безбедно возење низ Македонија

Кампања за безбедно возење низ Македонија

Imagem

На Граничниот премин „Табановце“, во сабота на пладне ќе биде промовирана кампањата „ Driving through Macedonia “ која всушност е составен дел од „Летна кампања 2015“ која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , Министерството за внатрешни работи и останатите партнери ја спроведуваат со цел намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни незгоди во летниот период.

Кампањата „ Driving through Macedonia “ има за цел да ги информира странските возачи кои претстојуваат или минуваат низ Македонија за специфичните сообраќајни правила и прописи во Македонија, за условите на патиштата и условите во сообраќајот, како и да испрати пораки со совети за нивно внимателно и одговорно однесување во сообраќајот.

На настанот ќе присуствуваат и ќе се обрати претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски, како и високи претставници од Министерството за внатрешни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП