30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР ќе вработи уште 600 полицајци

МВР ќе вработи уште 600 полицајци

dzandari

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полицајци.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435, по 20 извршители се потребни за полициските станици од општа надлежност во Битола, Охрид, Велес и Куманово, додека 25 во полициската станица во Гевгелија.

Во полициските станици во Струга и Дебар ќе бидат вработени 15 полицајци, 10 во Струмица и по пет извршители во полициските станици во Ресен, Тетово, Гостивар и Штип.

Избраните кандидати, соопштува денес МВР, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи.

Освен полицајци распишан е оглас и за вработување на  52 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 240 кредити од соодветната област која се бара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП