22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Два проекта од Македонија во регионална иницијатива за гасно поврзување

Незири: Два проекта од Македонија во регионална иницијатива за гасно поврзување

neziri-ne-ziri

Иницијативата за гасно поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC) има за цел унапредување на диверзификацијата на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот, по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, преку заедничко ангажирање на сите земји членки на ЕУ и на Договорните страни на Енергетската заедница.

Ова во петокот го истакна министерот за економија Беким Незири на прес конференција одржана по повод потпишувањето на Меморандумoт за разбирање за Заеднички пристап за решавање на диверзификација на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување.

Според Незири, на овој начин практично ќе се обезбеди снабдување со потребните количини на природен гас на сите потрошувачи во регионот на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Македонија.

Тој појасни дека Македонија во моментот користи природен гас преку единстевната интерконeкција со Бугарија во близина на Крива Паланка и со оваа иницијатива, во која се вклучи Македонија со свои проекти, се овозможува регионално поврзување со соседите и користење на природен гас од различни извори (Азербејџан, Црно море / Романија и LNG – терминали во Грција).

Имено, денешното потпишување на Меморандумот за разбирање CESEC е резултат на активностите на земјите членки на ЕУ од февруари 2015 година кога во Софија е усвоен Меморандумот, во кој се поставени конкретни резултати и акциски план за да се интензивира соработката во инфраструктурниот развој и интеграцијата на пазарите. Министерството за економија активно учествуваше во овие активности и Република Македонија се вклучи во оваа Иницијатива и успеа да вгради два од своите предложени проекти за гасно енергетско поврзување на Република Македонија со земјите од Централна и Југоисточна Европа, кои поради својата специфична географска близина се опфатени во CESEC проектите како еден заеднички проект со регионален концепт и тоа Република Македонија интерконектор Република Бугарија/Грција.

„Со усвојувањето и постапното имплементирање на Меморандумот за разбирање и Акциониот план ќе се отпочне процес на пазарно интегрирање на регионот во Централна и Југоисточна Европа, чии резултати ќе бидат од бенефит за земјите членки на ЕУ и на Договорните страни на Енергетската заедница, како и на регионот во целина. Врз основа на овој Меморандум ќе следат координирани активности од страна на Европската Комисија и на меѓународните финансиски институции во обезбедување на можности за техничка поддршка и наменски решенија за финансирање на земјите-членки, како и на Договорните страни на Енергетската Заедница, вклучувајќи ја и Република Македонија, со цел што е можно поскоро спроведување на определените инфраструктурни проекти со овој меморандум“, рече министерот Незири.

Предметниот меморандум е документ со кој се изразува политичка намера на страните, при што Владата ги следи иницијативите на глобално и регионално ниво со цел да обезбеди диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, да се постигне поголем степен на енергетска сигурност, можност за нови инвестиции и снабдување на сите потрошувачи со природен гас во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП