6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас ја бара поддршката на Сириза по острите отстапки

Ципрас ја бара поддршката на Сириза по острите отстапки

cipras 222

Откако ненадејно, како и што го закажа референдумот со кој на 5-ти јули, Грците ги отфрлија предлозите на доверителите за продолжување на финансиската помош на нивната земја по неуспехот да постигне договор кој го карактеризираше како „ултиматум“, премиерот Алексис Ципрас во обидот земјата да ја спаси од финансиски крах, ги повика пратениците од неговата коалиција на радикалната левица, Сириза да го поддржат пакетот тешки реформи.

На состанокот со пратеничката група во парламентот, премиерот Алексис Ципрас бил дочекан со силен аплауз, а потоа пратениците на Сириза ги повикал да гласаат во парламентот и да ги поддржат новите предлози на неговата влада и да го помогнат грчкото останување во еврозоната.

„Соочени сме со пресудни одлуки… Добивме мандат да оствариме подобар договор од оној ултиматум којшто Еврогрупата ни го даде, но не добивме мандат да ја извадиме Грција од еврозоната. Сите сме во ова заедно“, им рекол Ципрас на пратениците, рекол за Reuters извор присутен на средбата.

Засега не е јасно дали кредиторите ќе го поддржат предлог пакетот на грчката влада. Меѓутоа, едногласна е оцената дека тој е и премногу сличен со оној што Грците го одбија на референдумот. За челниците на еврозоната да ги прифатат грчките предлози на самитот во недела, клучно е тие да добијат поддршка од доверителите на Атина – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП