18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија ќе ја електрифицира туристичката населба Равна река

ЕВН Македонија ќе ја електрифицира туристичката населба Равна река

gevski evn

ЕВН Македонија и општината Пехчево објавија дека ќе градат дистрибутивната мрежа во викенд населбата Равна река.

Над 300 корисници, неколку хотелски објетки и пет мали хидроелектрични централи ќе бидат приклучени на новата дистрибутивна мрежа. Ќе биде поставена 13 км кабловска среднонапонска 10/20 кВ мрежа, ќе се изградат четири нови трафостаници и ќе биде изградена пет километри нисконапонска мрежа.

„Сето она што е предвидено во развојниот план за Равна Река, оваа нова дистрибутивна мрежа ќе го опфати. ЕВН Македонија се вклучи во овој проект затоа што тој е од големо значење за развојот на регионот и е во интерес на нашите корисници” рече Игор Гиевски, член на управниот одбор на ЕВН Македонија.

Задоволство од стартот на проектот изрази и градоначаникот на Општина Пехчево, Игор Поповски.

„По долго планирање направивме еден голем проект кој ќе биде многу значаен за развојот на туризмот во Пехчево, за развојот на туристичката населба Равна Река и на сите делови кои гравитираат кон оваа населба“, изјави градоначалникот Поповски.

ЕВН Македонија ќе инвестира над 600.000 евра, а општината ќе ја изготви сета потребна документација и дозволи за изградба на проектот, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП