28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаконот за тутун и тутунски производи на јавна расправа

Законот за тутун и тутунски производи на јавна расправа

zakoni-tutun445

Предложен е нов текст за измени на Законот за тутун и тутунски производи, според кои ќе се помести клендарот за пријавено, договоерно и откупено производство, а се предвидува и инструмент за обезбедување пари за исплата на договорените количини тутун.

По тој повод одржана е јавна расрава во Институтот за тутун во Прилеп на која покрај ттунопроизводители присуствуваа и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Измените во Предлог Законот за тутун и тутунски производи произлегуваат од потребата за дорегулирање на законската рамка и од состојбата на теренот.

Токму затоа се предвидуваат корекции кои ќе бидат во насока на поквалитетно договорање, производство, контрола и откуп на тутунот.

По барање на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, регистрираните откупувачи на тутун и научно – образовните институции од областа на тутунското производство, пристапено е кон изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи.

Главните измени на законот се направени поради усогласување на барањата на тутунопроизводителите и научно-образовните институции за навремено обезбедување на семенскиот материјал (25 март во тековната година), кое повлекува поместување на календарот за пријавено, договорено и откупено производство на тутун.

Исто така, подобрени се одредбите кои се однесуваат на процесот на договарање на производството и откупот помеѓу производителот и откупувачот на тутун, условите за упис во регистарот на откупувачи на тутун, инструментот за обезбедување на средства за исплата на договорените количини тутун, како и подобрување на одредбите за промет на необработен и обработен тутун.

Градоначалникот Ристески истакна дека новите измени на законот се од особено значење за Прилеп и околината, особено ако се земе фактот дека голем дел од населението се занимава со обработка на оваа култура.

Со измените се опфатија повеќе од 50 отсто од постојните одредби на законот, по што предложен е нов текст на Закон за тутун и тутунски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП