17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Предлозите на Атина се сериозни и кредибилни

Оланд: Предлозите на Атина се сериозни и кредибилни

fransoa oland 53

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги окарактеризира како сериозни и кредибилни најновите предлози на Атина за постигнување на договор со кредиторите.

„Претстојните часови ќе бидат исклучително важни“, изјави Оланд и додаде дека се уште ништо не е одлучено, бидејќи лидерите на еврозоната дури во сабота ќе ги разгледаат деталите од грчкиот план во пресрет на вонредниот самит на лидерите на ЕУ, кој се одржува во недела.

И францускиот министер за економија Емануел Макрон изјави во петокот дека е умерен оптимист во поглед на постигнување договор на еврозоната и Грција, наведувајќи дека официјална Атина направила голем исчекор во најновите предлози.

Истовремено поранешниот претседател на Европската централна банка Жан-Клод Трише смета дека кредиторите на Грција би имале големи загуби во случај на потенцијално излегување на Атина од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП