18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на приходите на PepsiCo за 5,7 отсто поради растот на доларот

Пад на приходите на PepsiCo за 5,7 отсто поради растот на доларот

pepsi co 2

Приходите на PepsiCo паднаа во претходниот квартал за 5,7 отсто во однос на истиот период лани, на 15,9 милијарди долари, што пред се се должи на високиот курс на доларот, но добивката на американскиот производител на пијалоци беше над очекуваното.

Според извештајот на PepsiCo објавен во четвртокот, нето добивката во вториот квартал изнесувала 1,98 милијарди долари, што е речиси иста како и претходната година. Но, тоа е над очекувањата на аналитичарите, кои проценуваа дека добивката ќе биде помала со оглед дека курсот на доларот во изминатата година силно порасна кон еврото и останатите најзначајни светски валути.

И додека номиналните приходи на PepsiCo паднаа за 5,7 отсто, кога би се исклучило негативното влијание на курсот на доларот, приходите на компаниите би била поголеми за 5,1 отсто, се наведува во извештајот на копанијата.

Притоа приходите на PepsiCo на американскот пазар, кој е најголем пазар на компанијата, се зголемила за 1 отсто, на 5,34 милијарди долари.

Благодарение на добрите резултати во изминатото тромесечје, PepsiCo ја зголеми проценката на раст за заработката по акција за цела 2015 година од 7 на 8 отсто, или за околу 5 долари по акција, доколку се исклучат курсните разлики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП