7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанските банки ја преживеаа кризата

Италијанските банки ја преживеаа кризата

VISCO, TERZO GOVERNATORE LAUREATO IN ECONOMIA ALLA SAPIENZA

Италијанскиот банкарски сектор преживеа тежок период без државна помош, изјави заменик гувернерот на Централната банка на Италија, Фабио Панета.

Италијанските банки беа ослабени во периодот на финансиската и должничката криза во земјата, долготрајната рецесија и пазарните тензии, но сепак, успеаа да се изборат со негативните шокови, под водство на Баката на Италија, наведе Панета, пренесува агенцијата АНСА.

Банките не се потпираа на државната интервенција благодарение на зајакнувањето на резервите за покривање на лошите кредити од дури 53 милијарди евра во 2012/13 и 26 милијарди во 2014 година потенцираше тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП