4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Милиони украдени броеви од социјалното осигурување

САД: Милиони украдени броеви од социјалното осигурување

soc broj sad

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама соопшти дека хакери украле идентификациони броеви од социјалното осигурување (Social Security number) од над 21 милион лица, а одзеле и други доверливи податоци при нападот на владиниот компјутерски систем.

Канцеларијата за управување со кадри наведе дека над 19 милиони погодени граѓани побарале длабинска истрага.

Владата наведе дека речиси два милиони лица исто така се погодени, но не се директни подносители на барањето, туку биле сопружници или останати членови на семејството.

Минатиот месец бројот на погодени упади во компјутерскиот систем бил над 14 милиони, соопштија истражните органи на агенцијата АП.

Истражителите наведоа дека администрацијата на Обама е се повеќе уверена дека кинеската влада, а не хакери криминалци, е одговорна за неверојатното масовно крадење на личните податоци на Американците.

Кина јавно демантираше вмешаност во упад во компјутерскиот систем на Канцеларијата за управување со кадри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП