Со новиот Samsung Galaxy S 4 лесно може да се печатат документи, фотографии или веб страни директно на HP печатачите.
HP (Hewlett-Packard) ја престави нова можност за печатење креирана на одредени Samsung уреди која им овозможува на корисниците на нов и лесен начин да печатат директно на повеќе од 180 HP Inkjet и LaserJet мрежни печатачи.
Оваа новосоздадена можност ја докажува континуираната инвестиција и лидерство на HP (Hewlett-Packard) во сегментот на печатење преку мобилен телефон, со што на современите корисници им се задоволуваат потребата за користење на мобилните телефони: веднаш прилагодено печатење од практично секаде.
Различно од сите досега понудени апликации за печатење од мобилен телефон, новото вградено интегрирано решение на HP (Hewlett-Packard) и Samsung не бара инсталирање алатки, драјвери или мрежни конфигурации за прилагодување на вашиот телефонски апарат, правејќи го печатењето од мобилниот телефон лесно и едноставно, без никаков напор. Покрај тоа, оваа можност за печатење е единственото решение кое нуди софистициран начин на подесување на печатачите, како: двострано печатење, печатење во боја, ориентација и вид на хартија на која се печати. Со сите овие можности, а и многу повеќе, новата технологија ќе го направи процесот на печатење полесен, со што ќе им заштеди време на корисниците.
Можноста за печатење ќе биде презентирана и преку најавеното соопштение за медиуми од Samsung за моделот Galaxy S 4, а најдоцна до крајот на оваа година ќе биде достапна и преку надградба со firmware (вграден софтвер) за сите Samsung Galaxy S3 уреди и Note II, овозможувајќи интегрирано безжично печатење со повеќе од 70 милиони мобилни уреди.
Корисниците можат да печатат на два начини: со автоматско поврзување на нивните Samsung уреди со HP (Hewlett-Packard) печатачот на иста локална мрежа со Wi-Fi врска или преку користење на можноста за директно безжично печатење на HP (Hewlett-Packard).(1)
“Клиентите континуирано бараат начин како да печатат од нивните паметни телефони (smart phones) или таблети“ изјави Stephan Nigro, Потпретседател на дивизијата HP Inkjet&Printing Solutions, Graphic Solution Business, Printing&Personal Systems Group. “Ова партнерство со Samsung е најновиот пример за тоа како HP (Hewlett-Packard) го олеснува печатењето на се што сакате, од каде и да сакате“.
Решенијата за печатење на Samsung се најновата карактеристика во портфолио за печатење преку мобилните уреди на HP (Hewlett-Packard), што вклучува и HP ePrint.
Вградената можност за печатење работи во три едноставни чекори: одберете некој документ, слика или веб страница(2); одберете печатач (преку Wi-Fi или директно); и притиснете „ПЕЧАТИ“. Вградената можност, исто така нуди дополнителни, погодни опции за печатење, вклучувајќи: број на копии, формат и димензии на хартијата, ориентација, вид на хартија, боја, двострано печатење како и статус за извршената работа.
Достапност и поддршка
Можноста за печатење е компатибилна со речиси 180 HP модели на печатачи, од HP Inkjet печатачи до HP LaserJet печатачи(3)
Вграденото копче за печатење ќе биде достапно на оригиналните апликации на Samsung, вклучувајќи: електронска пошта (e-mail), Android пребарувач, фото галерија, контакти, S Note и Polaris Office.
(1) Достапно за определен број модели
(2) Видови на фајлови за печатење: JPG, PNG, HTML, PDF or MS Office
(3) Вклучително, следните модели: HP Deskjet, ENVY, Photosmart, Officejet, Officejet Pro, LaserJet Pro, Color LaserJet Pro, LaserJet Enterprise and Color LaserJet Enterprise.