22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради минирање во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

avtopat---ooko

Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Авто мото сојузот на Македонија со известување до возачите дека во петок и сабота, во одредени интервали ќе има прекин на сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во петок поради изведување на градежни работи патот А2, Кичево-Охрид помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14-15 часот, а од исти причини сообраќајот ќе биде во прекин и в сабота помеѓу 16-17 часот.

Потсетување до возачите дека од 1.јули е во примена времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП