6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги испрати новите предлози до еврозоната

Грција ги испрати новите предлози до еврозоната

грција33343444

Претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблум, ги добил новите предлози на Грција за предлогот за спроведување на реформите во замена за кредити од Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ), објави портпаролот на челникот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната во четвртокот навечер.

„Претседателот на Еврогрупата Јероен Дијслеблом ги прими нови грчките предлози. Важно е институциите да ги разгледаат“, напиша на Twitter портпаролот Михаел Рејнс.

Рајнс не ја прецизираше содржината на грчките предлози, кои ќе ги проучуваат европските институции. Тие на 11-ти јули, сабота, ќе бидат претставени на заседанието на Еврогрупата, а во недела на самитот на челниците на земјите на еврозоната.

Во меѓувреме, во Атина е објавено дека грчката влада во петок ќе побара одобрување од парламентот за преговорите за текстот за „претходните потези“ кој би можел да биде основа за договорот со меѓународните доверители.

Ќе се гласа за одобрување на грчката влада да го искористи текстот како основа за преговорите, изјавил за Reuters извор од грчката влада. „Со тоа се сака да се покаже дека владата има политичка волја за спроведување на ветените реформи, а да не презема никакви еднострани чекори пред состанокот на Еврогрупата“, рекол неименуваниот извор.

Таканарачените „претходни потези“ потоа повторно ќе мора да добијат конечно одобрување од парламентот на Грција во подоцнежната фаза.

Претходно во четвртокот Европската комисија вети дека во сабота ќе му ја достави оцената за финансиските потреби на Грција и одржливоста на нејзиниот јавен долг.

„Европската комисија заедно со ММФ ќе го анализира барањето на Европскиот фонд за стабилизација (ЕСМ) за финансиските потреби на Грција и одржливоста на нејзиниот јавен долг. Тоа ќе се случи веќе на следниот состанок на Еврогрупата“, изјави Маргатиритис Схинас.

Третата програма за меѓународна финансиска помош на Грција ќе биде обликувана во рамките на ЕСМ. Брисел инсистира дека таа треба да биде одобрена во замена со прифаќањето на Атина на новите мерки за штедење. Согласноста на сите земји за оваа програма, судејќи според се, ќе биде последната шанса Грција да остане во еврозоната.

На Грција во периодот од 10-ти мај 2010 до 30-ти јуни 2015 година ѝ беа одобрени програми во двата меѓународни пакета за макрофинансиска помош, во вкупна вредност од 240 милијарди евра, и 107 милијарди евра отпишани долгови, од приватните доверители, додека институциите ги намалија каматните стапки за заемите и ги пролонгираа доспевањата на обврските.

Првата програма беше ревидирана кон крајот на 2012 година, кога стана јасно дека нејзината реализација нема да биде доволна за стабилизирање на економската ситуација во Грција. Ниското ниво на искористеноста на средства беше префрлено во втората меѓународна програма чиј рок истече на 30-ти јуни 2015 година, поради неможноста на Грција и кредиторите по петмесечни преговори да се договорат за нејзино привремено петмесечно продолжување со финансиска инјекција од 15,5 милијарди евра во замена за дополнителни мерки за штедење, што беше отфрлено со грчкиот референдум од 5-ти јули. Последната транша во износ од 7,2 милијарди евра од претходниот пакет за помош коишто Атина не успеа да ги искористи, ќе биде префрлена во Европскиот фонд за стабилизација (ЕСМ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП