28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Треба да ѝ се помогне на Грција да го реструктуира својот...

Туск: Треба да ѝ се помогне на Грција да го реструктуира својот долг

tusk-donald-tusk

Претседателот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск се придружи во четврток на меѓународните повици да и се помогне на Грција да го реструктуира нејзиниот долг во рамки на новите преговори за договор со кој би се избегнал стечај на оваа држава.

Повикот на Туск е премолчен предизвик на Германија, најголемиот доверител на Атина, која досега секој предлог за отпишување на дел од грчкиот долг го нарече противзаконски.

„Нас реалистичките предлози на Грција нејзините кредитори мораат да одговорат со еднакво реалистични предлози околу одржливоста на долгот. Само во тој случај ќе имаме вин-вин ситуација…Во спротивно, ќе го продолжиме летаргичниот танц што го танцуваме веќе пет месеци“, рече Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека класично бришење на долгот не доаѓа предвид, без да исклучи други облици за ублажување на долгот.

Доколку пропаднат преговорите во недела, односно доколку кредиторите на и одобрат на Атина одредена сума на пари за да овозможат работа на нејзините јавни служби во следните недели, грчките банки и економијата ќе пропаднат, а можно е Грција да биде исфрлена од еврозоната.

За таквото мрачно сценарио ЕУ подготвува и мерки со кои би се ублажила штетата од грчкиот банкрот, а тие мерки би вклучувале и хуманитарна помош, можни контроли на границите и чекори за ублажување на ефектот на грчкиот банкрот врз соседните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП