7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: Русија не е заинтересирана за разгорување на конфликтот меѓу Грција и...

Лавров: Русија не е заинтересирана за разгорување на конфликтот меѓу Грција и ЕУ

putin-cipras-rusija-grcija

Русија не заинтересирана за разгорување на спорот меѓу Грција и Европската унија, бидејќи тоа е спротивно од интересите на Москва, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на маргините од самитот на земјите од форумот БРИКС во рускиот град Уфа.

„Спротивно од некои медиумски шпекулации, ние немаме никакoв интерес да дотураме масло на огнот. Се обидуваат да нé обвинат дека сечкаме и радосно ги триеме рацете, гледајќи како Грција се кара со Брисел, Париз, со Берлин…. Тоа апсолутно не е така. Тоа е апсолутно извртување на нашите позиции, на нашите интереси“, истакнa шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров цитиран од агенцијата ТАСС.

Лавров додаде дека позицијата на Москва за споменатото прашање повеќепати претходно била јасно искажана од рускиот претседател Владимир Путин. „Таа се состои во тоа што ние сме заинтересирани за изнаоѓање заедничко прифатливо решение, што е можно поскоро за проблемот со грчкиот долг“, вели шефот на дипломатијата.

Потцртува дека Русија е заинтересирана за „силна, функционална, економски растечка ЕУ“. „Јасно е дека е тоа е невозможно да се стори, доколку во која и да е земја од Европската унија, почнат да се појавуваат симптомите од кризата во еврозоната. Оттаму, ние би сакале да биде најдено заемно прифатливо решение“, порача Лавров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП