26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција, сепак, решението го гледа во зголемување на даноците

Грција, сепак, решението го гледа во зголемување на даноците

grcijaaaa-ja-ja-ja

Грција решението на должничката криза го гледа во зголемување на одредени видови даноци, пишува во четвртокот грчкиот дневен весник Naftemporiki, според кој целиот реформски пакет ќе чини меѓу 10 и 12 милијарди евра.

Грчката влада предлага неопходните пари да се соберат до зголемување на данокот на добивка од 26 на 28 отсто, зголемување на данокот на луксузни производи од 10 на 13 отсто, зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) на преработки на храна, рестораните, превозот и некои здравствени услуги коишто ги дaва приватниот сектор од 13 на 23 отсто, како и за зголемување на ДДВ-то за хотелите од 6,5 на 13 отсто.

Според весникот, грчките острови и натаму би уживале даночни олеснувања чиешто укинување го бараа меѓународните доверители.

Што се однесува на реформите на ДДВ-то, предлогот на доверителите кој со огромно мнозинство Грците го одбија на рефереднумот на 5-ти јули, предвидуваше проширување на даночната база за стандардните 23 отсто за ДДВ и би ги вклучило рестораните и доставувањето на храна. Би постоела и намалена стапка од 13 проценти за одредени добра, како што се енергијата, основните прехранбени артикли, хотелите и водата (со исклучок на канализацијата).

Требаше, исто така, да постои и супер-повластена стапка од 6 отсто за лековите, книгите и театрите, но и покачување на данокот за осигурување и укинување на даночното ослободување за некои грчки острови. Првично кредиторите бараа само двонасочен систем на ДДВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП