19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за бензин и германските податоци ја кренаа цената на нафтата

Побарувачката за бензин и германските податоци ја кренаа цената на нафтата

nafta-cena

Цената на нафтата се искачи во четвртокот на светските берзи над 58 долари за барел, поттикната од побарувачката за бензин и охрабрувачките податоци од Германија.

На лондононската берза цената на барелот беше во плус 1,37 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 58,42 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,07 долари повисока цена во однос на претходното затворање, од 52,72 долари. Од почетокот на јули цените во САД паднаа за околу 11 отсто, наведува Reuters.

Нафтените берзи денеска добија поттик од сезонски условената силна побарувачка за бензин, во врвот на сезоната на возење на северната хемисфера, што ги поттикнува рафинериите максимално да ги зголемат активностите.

Дополнителна поддршка пружија и охрабрувачките податоци од Германија, кои покажаа скок на извозот во мај за 1,7 отсто во однос на претходниот месец, најмногу во оваа година, што ги поттикна очекувањата дека најголемата евроспка економија во вториот квартал ќе забележи посилен раст отколку во скромниот прв квартал.

„Лондонската берза утврди ценовно дно“, констатира Оливие Јакоб од PetroMatrix. „Се додека е побарувачката за бензин е силна, тешко е да се очекува нова распродажба на сирова нафта, доколку не стигнат некои вести од Иран“, додава аналитичарот.

Западните сили и Иран во четвртокот беа на праг да постигнат договор, кој би можел да доведе до укинување на санкциите за Техеран, иако преговарачите и натмау се на мртва точка кога се во прашање оружјето и трговија со проектили, напоменува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП