21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Унгарија ја продлабочуваат економската соработката

Македонија и Унгарија ја продлабочуваат економската соработката

sredba mk hun

Министерот за економија Беким Незири во денеска беше домаќин на делегација од Унгарија која ја предводеше државниот секретар за економска дипломатија, Левенте Маѓар.

Унгарската делегација претстојува во Македонија на подготвителен состанок за Мешовитиот комитет, кој треба да се одржи до крајот на годината.

Министерот Незири истакна дека одржувањето на редовни седници е вистинскиот начин за континуирано унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји, која во 2014-та година достигна раст од околу 60 отсто, споредено со претходните години, и обем од 102 милиони долари.

„Состојбата со билатералната трговска размена, според нашите статистички податоци, покажува дека извозот од Македонија за првите пет месеци оваа година порасна за 63% во однос на истиот период во 2014-та година, додека за жал, увозот од Унгарија има пад од 58 отсто во однос на истиот период во 2014-та година. Задачата на Мешовитиот комитет треба да биде во насока да се изнајде начин размената што повеќе да расте и да се надмине состојбата со пад на унгарскиот увоз во Македонија“, рече Незири.

Незири и Маѓар се согласија дека позитивен сигнал за натамошно продлабочување на економската соработка е одржувањето на Третата седница на Мешовитата Македонско-Унгарска комисија, која ќе се оддржи до крајот на 2015-та година според Договорот за економска соработка.

Седниците на Мешовитиот Комитет по потпишувањето на Договорот за економска соработка во 2011-та година меѓу Македонија и Унгарија редовно одржуваат, а на денешниот подготвителен состанок се дефинираа темите за кои постои реален интерес за продлабочување на соработката.

Државниот секретар за економска дипломатија, Левенте Маѓар му се заблагодари на министерот Незири за пречекот и изрази поддршка за идејата во рамките на Третата седница на Мешовитиот комитет да се одржи и Бизнис форум во Будимпешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП