27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбложувалници: Се намалија шансите за „Грексит“

Обложувалници: Се намалија шансите за „Грексит“

grexit 333

Шансите дека Грција ќе излезе од еврозоната оваа година паднаа денеска, известија обложувалниците, на само три дена пред истекот на рокот за договор меѓу Атина и кредиторите.

Оптимизмот дека грчката влада и доверителите ќе се договорат до неделниот самит на ЕУ ја намали веројатноста за Грексит во оваа година, објавија обложувалничките куќи Paddy Power и William Hill.

Но, разликата е многу мала. „Шансите за Грексит во оваа година се 11 спрема 8“, соопшти Paddy Power, што значи дека веројатноста за Грексит падна на 46 отсто, од 48 колку што изнесуваше во вторникот.

Според William Hill, односот е 13 спрема 8, односно веројатноста за Грексит е 38 отсто, а во средата изнесуваше 45 отсто.

Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас до петок мора да даде предлог за реформи во замена за финансиска помош. Доколку европските партнери бидат задоволни од предлогот ќе го поддржат на самитот во недела, во спротивно Грција ќе биде соочена со можност од напуштање на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП