18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронска достава на документи од државните институции до Катастар

Електронска достава на документи од државните институции до Катастар

katastar pres3

Органите на државната управа, судовите, единиците на локалната самоуправа и другите субјекти со пренесени јавни овластувања, сите исправи, по кои се врши запишување во Катастарот на недвижности, ќе ги доставуваат документите исклучиво по електронски пат до Катастарот.

„Најголема продобивка од ваквата комуникација ќе имаат граѓаните кои досега од шалтерот на една институција со прибавените документи се упатуваа на шалтерот на Катастарот и губеа драгоцено време чекајки во ред. Отсега самите државни институции по службена должност ќе ги достават потребните документи за постапување до Катастарот, додека Катастарот по завршување на постапката, документите по електронски пат ќе ги достави до надлежната институција“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите договори за закуп и плодоуживање на државно земјиште по електронски пат да ги доставува до Катастарот.  На тој начин граѓаните не ќе мораат договорите лично да ги доставуваат до Катастерот, а органите на Државна управа ќе ја зголемат меѓусебната координација и соработка, со што ќе се намали просторот за манипулации и злоупотреби.

Директорот на Агенцијата за катастер на недвижности, Славче Трпески изјави дека  со новите измени на Законот за Катастар, се овозможува бесплатно користење на податоците од Катастарот од страна на министерствата, судовите, обвинителствата и државното правобранителство. Со оваа мерка се очекува да се зголеми ефикасноста на овие органи во случаите од имотно-правната проблематика, бидејќи сите податоци преку електронскиот катастар 24 часа ќе бидат достапни до нив.

Проектот за електронска достава на сите документи од страна на државните институции до Агенцијата на Катастер на недвижности предвидува измени на вкупно 30 закони, од кои 19 се веќе донесени од страна на Собранието на Република Македонија, а дополнителни 11 се во владина процедура.

Техничките услови за поврзување на институциите со Агенцијата за катастер на недвижности ги овозможува Катастарот преку „е-кат“ шалтерот, кој во моментов брои над 700 професионални корисници, а со поврзувањето на државните институции вклучени во овој проект бројот на корисници на „е-кат“ шалтерот ќе се зголеми за дополнителни 200 корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП