14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТаа е најмладата милијардерка во светот и има одличен совет за вас

Таа е најмладата милијардерка во светот и има одличен совет за вас

elizabeth-holmes-660x330

Елизабет Холмс (31), со нова техника за вадење и анализа на крв, направила револуција во медицината и стекнала огромно богатство. Поради знаењето и успехот, можеме да веруваме во нејзините зборови.

„Би издвоила три работи, откријте што сакате, борете се за тоа и борете се без оглед на се. Винстон Черчил бил во право кога рекол: „Никогаш не се откажувај, никогаш, никогаш, никогаш…“ Јас сум пример за тоа – ако ја одредиш целта, можеш да ја исполниш“, вели таа.

Елизабет кога имала 19 години ги напуштила студиите на Стенфорд. Се посветила на медицински истражувања кои ги финансирала од парите за школарина. Имала посебен мотив за оваа промена. Нејзиниот вујко починал од рак, лекарите му соопштиле на неговото семејство дека болеста била доцна откриена, па Елизабет одлучила дека е време борбата со оваа ужасна болест да стане поефикасна.

После откритието на нови здравствени методи во 2003 година, ја основала медицинската лабораторија Теранос, која со тек на време се раширила во голем број на здравствени центри.

94152_elizabet-profimedia0239619357_630x0

„Можеме да направиме стотици тестови со само една капка крв, многу побрзо отколку што претходно се правело со епрувети, и тоа поевтино“, изјавила Елизабет.

Аптеките кои соработуваат со центрите Теранос, овозможуваат безболно вадење на крвтаи добивање на резултатите за четири часа.

Методот кој го открила Холмс не само што е побрз и безболен, туку и поевтин од стандардните процедури.

94151_elizabet-profimedia0205012705_630x0

Во компанијата на Елизабет Холмс работат околу 700 луѓе, а минатата година таа заработила девет милијарди долари.

„Важно е да ги вработите вистинските луѓе. Барајте некој кој би рекол „Ова сакам да го работам цел свој живот“, советува Холмс.

Елизабет работи секој ден, сите пари ги вложува во Теранос и планира еден ден да основа семејство, за неа работата и приватниот живот не се судираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП