4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо функција прв полнач за електрични возила во Скопје

Во функција прв полнач за електрични возила во Скопје

koce-elektrichni-avto

Денес официјално беше пуштена во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на катната гаража „Македонска фаланга”.

„Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и има два приклучока за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 kW (киловати) по приклучок. Еден електроавтомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Истакна дека паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга” на сите сопственици на електрични мобили е бесплатен.

„Градот Скопје ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување вакви полначи на паркинзите на Јавното претпријатие Градски паркинг“,рече уште Трајановски.

Со промоцијата на станицата за полнење на електрични возила, „ПроКредит банка“ АД Скопје ги промовираше и петте нови електро мобили кои ги набави за комецијална употреба во секојдневното работење, со што стана првата компанија во Македонија што користи електромобили.

Инсталацијата на оваа станица е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов претпријатието „Градски паркинг” има набавено две векви станици, за полнење електромобили, за што издвои 20.000 евра, 10.000 евра од станица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП