12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните цени на храната опаднаа и во јуни

Глобалните цени на храната опаднаа и во јуни

market

Глобалните цени на храната опаднаа и во јуни, со што е продолжено поевтинувањето на основните животни намирници од април 2014 година, соопшти денес Организацијата за храна и земјоделство ФАО.

За пад на индексот на цените најмногу придонесе поевтинувањето на млекото и шеќерот, пренесуваат агенциите.

Индексот на цената на кошница житарки, масло за јадење, млеко, месо и шеќер во јуни изнесувал 165,1 поени, што е за 1,5 поени помалку отколку во мај. Пресметано во проценти поевтинувањето изнесувало 0,9 проценти.

ФАО соопшти дека производството на житарки во 2015 година ќе биде „добро“ и ја процени вкупната количина на 2,527 милијарди тони, што е незначително повеќе во споредба со процентот од мај.

Таа количина и понатака е помала за 1,1 проценти од минатогодишната рекордна жетва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП