15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнституционализирање на ученичко организирање и учество во креирањето политики

Институционализирање на ученичко организирање и учество во креирањето политики

sega-sega

Креирање на документ со препораки за промена на легислативата во насока на институционализирање на ученичкото организирање и учество на младите во креирањето на политиките кои се однесуваат на образовните реформи е главната препорака од годишното собрание на Коалиција СЕГА.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОАЛИЦИЈА НА МЛАДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА

ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРАЊЕ НА УЧЕНИЧКО ОРГАНИЗИРАЊЕ И НИВНО УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКИ ЗА ОБРАЗОВНИТЕ РЕФОРМИ

Креирање на документ со препораки за промена на легислативата во насока на институционализирање на ученичкото организирање и учество на младите во креирањето на политиките кои се однесуваат на образовните реформи е главната препорака од годишното собрание на Коалиција СЕГА. Во просториите на Младински Културен Центар – НВО центарот во Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА го одржа редовно годишно собрание на Коалиција СЕГА на кое беше усвоен програмскиот и финансискиот извештај за работа за 2014 година, како и Годишната програма на Коалицијата СЕГА за 2015 година.

Во рамките на собранието беа одржани две информативни сесии, на тема “Процес на креирање на Национална Стратегија за Млади (НСМ) и можност за вклучување на членките на СЕГА во процесот”. Претставникот од Агенција за млади и спорт на РМ, г-ца Зорица Стаменковска – советник за меѓународна соработка ги повика младинските организации, ги повика органзиаиите да се вклучат во процесот на креирање за да истата биде по мерка на потребите на младите. Втората сесија беше на тема „Мерките за вработување кои се однесуваат на граѓанските организации“ и на неа претставникот од Министерството за труд и социјална политика, г-дин Младен Фрчкоски истакна дека можноста од нивно искористување од страна на граѓанските органзиаии е добра основа за да се обезбедат нови вработувања во истите, придонесуваќи кон нивна долгорочна одржливост.

Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА: “Препораките кои ги усвоивме на годишното собрание треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми младинското вработување. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата заложба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес.„

Во рамките на собранието беше одржана пленарна сесија на која се дискутираше за улогата на СЕГА во започнувањето на иницијатива за измена на законите за основно и средно образование со цел обезбедување на институционална форма на ученичко организирање. Заклучокот беше дека СЕГА заедно со своите членки, од септември 2015 ќе започне процес на спроведување на локални дискусии, применуваќи го Европскиот модел на Структурен дијалог со власите, за измена на законите за основно и средно образование.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 27 членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП