7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки ќе бидат ликвидни до понеделник, но ќе има гаснења и...

Грчките банки ќе бидат ликвидни до понеделник, но ќе има гаснења и спојувања

Image555544444444444444444444444444444444

Грчките банки ќе бидат ликвидни до понеделник, изјави претседателот на здружението на грчките банки, Лука Кацели во четвртокот, откако претходно во средата неименувани европски функционери соопштија дека без разлика на исходот од самитот на ЕУ во недела, некои грчки банки ќе бидат угасени и споени со други посилни банки.

Грчките власти поради масовното извлекување на граѓаните на своите влогови и од сефови во тамошните банки во износи од повеќе милијарди евра, наредија затворање на банките на 29-ти јуни, по пропаѓањето на преговорите меѓу владата и меѓународните доверители, и ќе останат затворени до 13-ти јули. Исто така, ограничено е и подигнувањето на дневната сума од банкоматите на 60 евра по картичка.

„Знаеме дека сé е осигурено до понеделник“, изјави за телевизијата Skai TV, претседателот на здружението на грчките банки, Лука Кацели.

Во Франкфурт, пак, неименуван европски финансиски функционер за Reuters рекол дека четирите големи грчки банки, „Piraeus“, „Eurobank“, „Alpha“ којашто има свој клон и во Македонија, и Националната банка на Грција, би можело да бидат сведени на две.

„Грчката економија е во урнатини, а тоа значи дека на банките име потребен нов почеток. Кипарскиот случај може да послужи како модел“, рекол соговорникот на агенцијата.

Челниците на еврозоната ѝ дадоа рок на Грција до крајот на седмицава да предложи реформски пакет за да се одблокира програмата за финансиска помош кој во недела треба да го одобри самитот на ЕУ, доколку со него се согласат сите 28 земји членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП