18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит поради Кина

Остар пад на Волстрит поради Кина

wall street999

Берзанските индекси на Волстрит остро паднаа во средата, по скратено тргување поради технички проблем. Причина за падот е стравувањата на инвеститорите дека несопирливиот пад на цените на акциите во Кина негативно ќе влијае врз тамошната економија.

Dow Jones падна 261 поени, или 1,47 отсто, на 17.515 поени, додека S&P 500 потона за 1,66 отсто, на 2.046 поени, а Nasdaq индекс се намали за 1,75 отсто, на 4.909 поени.

Сите 10 сектори на S&P 500 индексот вчера загубија на вредноста, а најмногу, за 2,1 отсто, потона рударскиот сектор, како последица на стравувањата од натамошно забавување на кинеската економија, најголем светски потрошувач на метали.

Се поголеми се стравувањата дека остриот пад на цените на акциите во Кина би можел негативно да влијае на целокупната втора по големина светска економија, што би ја намалило побарувачката за метали и други суровини.

Од половината на јуни индексите во Шангај паднаа за над 30 отсто, а берзата не успеа да се смири и покрај низата мерки на кинеската влада и на централната банка.

Со оглед дека малите инвеститори, кои имаат голем удел во соственоста на акциите во Кина, панично се повлекуваат од берзите, од половината на јуни изгубени се околу 3.000 милијарди долари пазарна вредност на кинеските компании, чии што акции се сврстени на берзата.

„Последиците од берзанските корекции допрва ќе уследат. Очекуваме натамошно забавување на растот на кинеската економија, послаби деловни резултати на компаниите и поголем ризик од финансиска криза“, порачуваат аналитиарите на Bank of America Merrill Lynch.

Стравувањата дека крахот на берзата би можел негативно да влијае на кинеската економија сега има поголемо влијание врз берзите од грчката должничка криза.

„Освен краткорочно, сметам дека грчката ситуација нема да биде во фоксот на инвеститорите. Денешниот пад на берзите е последица од продолжениот остар пад на цените на кинеските акции, и покрај низата мерки на централната банка со цел да ја олади берзата“, вели Тим Гриски, директор во Solaris Group.

Во позадина на кинеската берзанска и грчката должничка криза, вчера на Волстрит започна сезоната на објава на квартални деловни резултати на компаниите. Прва, по обичај, резултатите ги објави Alcoa, а благодарение на нешто поголемите од очекуваните приходи, цената на акцијата на најголемиот светски производител на алуминиум порасна за 0,5 отсто.

Вчера на Волстртит се работеше скратено поради технички проблем, па работата на берзата беше прекината повеќе од три часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП