2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на една ера! Икер заминува од „Бернабеу“!? (видео)

Крај на една ера! Икер заминува од „Бернабеу“!? (видео)

ikerco 003

Реал Мадрид договори продажба на голманот Икер Касиљас на Порто, а договорот ќе биде прогласен наскоро, според весникот „Марка“.

Мадридскиот спортски весник објави сторија со наслов „Има договор“ за да го објави завршувањето на преговорите меѓу двата клуба. Според весникот испраќањето на клупската икона ќе биде во петок.

Касиљас се приклучи на Реал Мадрид како дете и е еден од најголемите фудбалери според титулите во историјата на клубот. Тој ја освои пет пати титулата на Шпанија, два Купа на кралот и три пати Лигата на Шампионите.

Со 34 години Шпанецот има 725 натпревари за Реал од 1999-та година, но во последните години неговата форма падна и тој го загуби првотимскиот статус прво кај Жозе Мурињо.

Клубскиот колега Дани Карвахал, кој во средата потпиша нов договор со клубот, го поддржа својот голман за неговата одлука да отиде во Португалија.

„Имам извонредни односи со Касиљас и ако е донесена одлука, мислам дека тоа е најдобро за него“, изјави тој.

Во таква ситуација се повеќе актуелено станува прашањето со наоѓањето на уште еден голман за Реал, а погледите се насочени кон Давид де Геа од Манчестер јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП