19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Интерес за германски инвестиции во Албанија има, но се барат законски...

Меркел: Интерес за германски инвестиции во Албанија има, но се барат законски гаранции

GERMANY-ALBANIA-MERKEL-RAMA

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на кусата посета на Тирана побара од албанските власти да создаат услови за германски инвестиции, во оваа земја.

Албанските медиуми, кои се повикуваат на албански извори, јавуваат дека Меркел ветила инвестиции во сферата на туризмот, енергетиката и телекомуникациите.

Меркел на средбата со премиерот Еди Рама побарала подобрување на законските услови со кои ќе се даде сигурна гаранција на германските инвеститори.

„Има услови за поголема економска соработка, но тоа треба да се искористи“, нагласила Меркел на средбата со Рама.

Албанските медиуми неколку часовната посета на Меркел на Тирана, ја оценуваат како историска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП