5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските податоци и застојот во преговорите за Иран ја крена цената на...

Американските податоци и застојот во преговорите за Иран ја крена цената на нафтата

nafta kop

Цената на нафтата порасна на светските берзи над 57 долари за барел, откако новите американски податоци покажаа неочекувано силен пад на залихите, а ниту преговорите на Иран и западните држави за нуклеарната програма не вродија со спогодба.

На лондонската берза цената на барелот беше во плус 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 57,35 долари. Во вторникот накратко потона на само 55,10 долари, најниско ниво од 6 април. На американскиот пазар со барелот се тргува по 40 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 52,73 долари.

Цените ги поттикана очекувањата дека извештајот на американската влада ќе покаже пад на залихите во минатата недела.

Дополнителна поддршка на берзите пружија и пригушените очекувања дека Иран и западните сили ќе постигнат договор за спорната иранска програма и со тоа ќе се отвори патот за повраток на пазарот на значителна количина на иранска нафта најдоцна до петок.

Преговарачите во Виена предупредуваат дека има значителни разлики во ставовите кои оневозможуваат постигнување на договор.

„Учесниците на пазарот кои шпекулираат со скоро враќање на иранска нафта на пазарот сега веројатно ќе ги прилагодат позициите, што би требало краткорочно да ги поттикне цените“, рече Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Висок ирански функционер во средата изјави дека Техеран нема да биде флексибилен во прашањата за кои потенцираа дека не можат да бидат предмет на преговори, што наведува на заклучок дека финансиските пазари може би се претерано оптимистички расположени во врска со договорот.

Значителен раст на цената сопре загриженост за побарувачката, со оглед на продолжениот пад на кинеската берза на акции и на грчката должничка криза.

„Превирањата во Кина и во Грција би можеле да бидат загрозени од силниот раст на побарувачката во последно време“, предупредуваат аналитичарите на Morgan Stanley во својот извештај.

„Со оглед на актуелните случувања инвеститорите со право се повеќе ги загрижуваат изгледите како за понудата, така и за побарувачката“, додаваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП