7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во Грција остануваат затворени

Банките во Грција остануваат затворени

banki grcija00033

Грција денеска издаде декрет со кој затворањето на банките, кои се под катанец веќе осум работни дена, продолжува, изјави официјален претставник на Атина за Ројтерс, не изнесувајќи повеќе детали.

Банките се обидуваат да ги одржат банкоматите полни за да можат граѓаните да го подигнат дневниот лимит од 60 евра.

Грција минатата недела воведе контрола на капиталот и ги затвори банките, откако Европската централна банка ги задржа итните заеми за грчките банки на ниво од околу 89 милијарди евра, колку што изнесуваа од 26 јуни.

Извори од финансискиот сектор на Грција наведуваат дека банките би можеле во следните два дена целосно да останат без пари, доколку Атина и кредиторите не договорот нов пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП