28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИН. SOUND OF GREEN - фестивал во хармонија со природата

Н. SOUND OF GREEN – фестивал во хармонија со природата

aaa

По мало одложување поради временските прилики на 1 јули во летна Хавана се одржа четвртиот по ред Sound of Green во организација на Пакомак.

Атмосферата ја загреа ДЈ Ивана Низам, а кулминацијата дојде на настапите на Фолтин, Eye Cue и June, кои во свој препознатлив елемент со познатите хитови, ја забавуваа публиката до доцна во ноќта. Добар амбиент, позитивни вибрации, музика што крева на нозе, задоволни, насмеани лица и контејнери преполни со пластични шишиња со што целта на овој фестивал беше исполнета.

„Драго ни е што заедно со дел од нашата музичка елита која ги препозна нашите заложби и идеи, ја зграбивме можноста и преку концерт, дружба и добра забавасе журкавме во хармонија со природата. Задоволни сме што нашата добра и благородна цел, овозможи толку многу забава“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

aaa

Овој фестивал, чија цел е подигнување на јавната свест за култивирање на фер однос кон животната средина стана репрезентативен настан што многумина со радост го чекаат, збиднување што шири позитивни промени.

aab

Влезници за фестивалот како и секоја година се добиваа во замена за 3 пластични шишиња, а оваа година околу 4.000 шишиња Пакомак однесе на рециклирање, кое ќе обезбеди нова суровина за нови производи со нова вредност. Звукот на зеленото и оваа година звучеше во хармонија со природата.

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП