16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Илинден се гради фабрика на „Елмед“ што ќе вработи 50 луѓе

Во Илинден се гради фабрика на „Елмед“ што ќе вработи 50 луѓе

nova-fabrika-brika

Денес започна изградбата на компанијата „Елмед“, во Општина Илинден.

По 24-годишно постоење, на површина од 600 метри квадратни почна да гради прв сопствен објект, а вкупната инвестиција изнесува 500.000 евра со што ќе бидат отворени 50 нови работни места.

Компанијата „Елемд“ во новиот објект покрај сервис за сервисирање на медицинска и друга индустриска опрема, ќе располага и со производствен погон, магацински простор, како и деловни простории.

Според инвеститорот, новите простории на „Елмед“ треба да бидат готови за една година.

Поволните услови што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, целосната инфраструктура, обезбедувањето на дозволи, континуираното следење на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки, придонесоа секојдневно да се зголемува бројот на стопански субјекти во деветте локални економски зони во општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП