28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетска безбедност на регионот преку диверсификација на изворите

Енергетска безбедност на регионот преку диверсификација на изворите

energetska-bez

Безбедноста во снабдувањето со енергија, диверсификација на енергетските извори и намалување на зависноста во снабдувањето со енергија, преку блиска соработка на земјите од регионот биле дел од темите на средбата меѓу министерот за економија Беким Незири денеска оствари средба со главниот заменик-помошник државен секретар на Бирото на енергетските ресурси, Мери Ворлик.

Притоа, меѓу темите за кои беше разговарано беа и процесот на соработка на земјите на Централна и Југоисточна Европа во делот на гасното поврзување, како и проширувањето на дистрибутивната мрежа, Законот за енергетика и искористувањето на обновливите извори на енрегија.

Министерот Незири се осврна на процесот на хармонизирање на европската регулатива во креирањето на националните политики во енергетиката, посочувајќи ја целосната поддршка од Брисел за проектите од заеднички интерес, кои значат регионално поврзување, како што е далекуводот Битола-Елбасан.

Од аспект на поголемо искористување на обновливите извори на енергија, тема на интерес беше процесот на давање под концесија и изградба на малите хидроцентрали, како и потенцијалот и мерките за стимулирање за искористување на останатите обновливи извори на енергија во Македонија.

Во делот на гасификацијата, министерот Незири информираше за развојот на дистрибутивната гасоводна мрежа во секој регион, како и за магистралниот гасоводен систем, при што истакна дека процесот на гасификација во Македонија, со цел отварање на пазарите на енергенси и обезбедување на прифатливи цени за потрошувачите, ќе биде комплетно во хармонија со плановите, иницијативите и енергетските политики на Европа и САД.

Според Ворлик, овие глобални иницијативи претставуваат најдобар начин за диверсификација на енергетските извори, а со тоа и намалување на зависноста во снабдувањето и обезбедување на енергетска безбедност.

Министерот Незири се заблагодари на досегашната плодна соработка во делот на енергетиката со САД, преку заедничките проекти со УСАИД и со Светската банка, и укажа на потребата од техничка поддршка во делот на активностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, како и од обврските од Договорот за основање на енергетската заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП